Средба Обама - Расмусен во Брисел

Американскиот претседател Барак Обама, денеска во Брисел разговарал со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за можните мерки на Алијансата како одговор на руската анексија на Крим. Ова, преку Твитер, го соопшти портпарол на НАТО. Разговорите се однесувале на нови одбрамбени планови, воени вежби и соодветно распоредување.