Обама: Вашингтон и Брисел посветени на зачувувањето на безбедноста во Европа

Руската акција во Украина не се однесува само на една земја. Таа се однесува и на прашањето во каква Европа или во каков свет сакаме да живееме. Ова во Брисел го изјави американскиот претседател Барак Обама. Според него, Вашингтон и Брисел се посветени на зачувувањето на европската сигурност. На заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, Жозем Мануел Баросо, Обама додаде дека ова се најголемите заеднички санкции против Русија од крајот на студената војна и оти доколу Москва продолжи исто да се однесуваа, санкиите ќе се прошируваат, а последиците ќе ги почувствува руската економија.