Јацењук: Ќе се бориме ако русите влезат во Украина

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека доколку руските војници ја минат границата и влезат во Украина тогаш должност на секој украинец е да ја брани својата татковина. Јацењук во интервју за американскиот јавен сервис објасни дека тоа не било сторено во случајот со руското влегување на Крим, бидејќи Киев избегнал да ги употреби воените сили со цел, како што изјави, да му се покаже на целиот свет дека руската војска и рускиот режим се тие кои окупираат украинска територија и вршат агресија.