Во Венецуела уапсени генерали за обид за државен удар

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека тројца генерали на воздушните сили биле уапсени под обвинување дека подготвувале соборување на неговата левичарска влада. Тој прецизира дека генералите кои биле во контакт со опозициски политичари се обиделе да ја преземат командата на воздушните сили и од таму да извршат воен удар. До ова негова изјава доаѓа во време на скоро шест неделни антивладини протести во кои загинаа најмалку 34 луѓе.