Брисел: Самит САД-ЕУ со учество на Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама се очекува повторно да нагласи дека САД и ЕУ нема да се повлечат од противењето на руската анексија врз Крим, како и да го поттикне забрзувањето на трговските разговори со Европската унија. Обама треба да присуствува на самитот на САД и Европската унија во Брисел, каде што ќе има воведен говор за трансатлантските односи и ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Обама вчера по нуклеарната конференција во Хаг, изрази загриженост за концентрирањето на бројни руски трупи на границата со Украина, но дополни дека Русија има право да распореди војници на своја територија.