Северна Кореја пробно истрелала ракети во морето

Северна Кореја изутрината пробно истрела две ракети од среден дострел во морето, објави Јужна Кореја. Во последниве неколку недели имаше неколку ракетни проби, што се толкува како очигледен сигнал за противење на заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД. Северна Кореја испукала балистички проектили од регионот Сукчон, северно од Пјонгјанг, во Источното море.
Стејт департментот реагираше дека тестирањата претставуваат "вознемирувачка и провокативна ескалација." Во соопштението на Стејт департментот се дополнува дека официјални лица во координација со сојузниците, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН планираат да преземат соодветни мерки.