35 земји се согласија за иницјативата за нуклеарна безбедност

Холандија - Хаг

Триесет и пет земји учеснички на Самитот за нуклеарна безбедност во Хаг ветија дека насоките за меѓународна нуклеарна безбедност ќе ги вметнат во нивните национални законодавства.
Земјите постигнаа согласност за иницијатива, која 18 земји, меѓу кои нуклеарните сили како Русија, Кина, Индија и Пакистан, одбија да ја потпишат.
Со договорот, земјите се обврзаа да овозможат независна инспекција врз нивните безбедносни процедури со цел нуклеарен материјал да не дојде до рацете на терористи.
Иницјативата беше потикната од американскиот претседател Барак Обама во 2010 година. Бројот на земји кои имаат нуклеарен материјал за изградба на атомско оружје е намален за 4 години од 39 на 25.