РСЕ стартува две нови веб страници за жителите на Крим

RFERL Logo - Ukraine

Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа стартуваше со две нови интернет страници, со информации за жителите на Крим. Новите веб страници се на руски и на татарски јазик и се со цел објективно информирање по руската окупација на Крим. Референдумот и анексијата на Крим Западот ги смета за нелегални и против меѓународното право.