НАТО загрижен од руското воено присуство на границата со Украина

НАТО е сериозно загрижен од руското воено засилување на границата со Украина и има планови за одбрана на земјите членки, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. На прес конференцијата во Брисел, по разговорите со црно-горскиот премиер Мило Ѓукановиќ, Расмусен додаде дека НАТО е во контакт со Киев околу можностите да и помогне на Украина.