Напад врз резиденцијата на претседателски кандидат во Кабул

Експлозии и престрелка се слушале од резиденцијата во Кабул на претседателскиот кандидат Ашраф Гани, но тој не бил дома, туку на предизборен митинг во Гардез. Според полицијата, тројца напаѓачи упаднале во резиденцијата на Гани, од кои двајца бомбаши самоубијци. Засега нема извештаи за жртви, освен напаѓачите самоубијци, а полицијата соопшти дека по едниот од нив трага. Талибанците најавија дека со насилства ќе се обидат да ги нарушат претседателските избори во Авганистан, кои се закажани за 5-ти април.