Убиени 20 јеменски војници во источен Јемен

Најмалку 20 јеменски војници загинаа при денешниот напад на вооружени лица врз армиски пункт во источен Јемен. Најмалку шестмина други беа повредени во инцидентот.
Официјалната новинска агенција Саба јави дека нападот се случил во близина на Реида, во покраината Хадрамаут. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но во овој регион е активна Ал-Каеда.
Јемен е во криза откако претседателот Али Абдула Салех беше принуден да се повлече по големите протести во 2012 година.