Крим - руски војници во украинската поморска база во Феодосија

Портпаролот на украинското Министерството за одбрана соопшти дека руските војници рано утрово упаднале во украинската поморска база во Феодосија, еден од ретките воени објекти во Крим на кои се уште се вее украинското знаме. Во новинарските извештаи се наведува дека се слушале истрели, но нема информации за повредени. Според украинските власти, руските војници била помогнати од хеликоптери. Руските сили заробија дел од базата претходно овој месец кога Русија го презеде речиси целиот полуостров. Но Украинците го контролираат арсеналот, касарните и другите објекти во рамките на комплексот.