САД - осум жртви од лизгање на земјиште

Илустрација.

Бројот на жртви од лизгање на земјиште во западната американска држава Вашингтон се зголеми на осум, а уште осум лица се повредени. Поројниот дожд предизвикал лизгање на земјиште долж автопатот на околу 90 километри североисточно од Сиетл. Свлечиштето потрупа домови и автомобили. Властите очекуваат бројот на жртвите да се зголеми.