Сирија - убиен близок роднина на Асад

Сирија.

Близок роднина на сирискиот претседател Башар ал-Асад е убиен вчера во борбите со исламистички бунтовници во близина на границата со Турција. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека братучедот на Асад, Хилал ал-Асад, кој е локален началник на Националните сили за одбрана и седум од неговите борци се убиени во судирите со исламистички борци. Државната телевизија ја потврди смртта на роднината на Асад. Националните сили за одбрана пружаат поддршка на армијата во тригодишните борби со бунтовниците кои се обидуваат да го соборат Башар ал-Асад.