Две жени загинаа во лавина во скијачкиот центар во Сочи

Две жени загинаа во лавина во скијачкиот центар кој беше користен за зимската Олимпијада во Сочи, само еден ден откако беше отворен за јавноста. Од скијачкиот центар соопштија дека на средниот дел на патеката имало шестмина скијачи кога почнала лавината. Снегот затрупал две жени, додека другите четворица скијачи не биле повредени. Спасувачите ги нашле телата на затрупаните.

„И покрај сите напори за нивно оживување, тие не можеа да се спасат“, се вели во соопштението.