Временска прогноза - облачно и постудено

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови на земјава.

Локално е можна појава на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи, а не е исклучена ниту појава на град. Ќе дува умерен, а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне повремено ќе достигнува брзина до околу 70 километри на час.

Температурата ќе се движи од 7 до 23 степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до 20 степени.