Заев сака во Влада, а не во Собрание

Овој нов концепт каде раководството не е на листите за пратеници ја испраќа недвосмислената порака и нашата убеденост дека Зоран Заев и неговиот тим се основата на тимот кој ќе ја основа идната влада на Република Македонија. Ова го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на 17. Конгрес, на кој беа претставени листите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Toj додаде дека дебата била отворена и оти одлуката едногласно била усвоена од сите.

Претходно, Централниот одбор на СДСМ со мнозинство ги поддржа кандидатските листи на партијата. Заев пред присутните на Конгресот ги претстави носителите на листите за предвремените парламентарни избори, велејќи дека се работи за афирмирани луѓе. Во првата изборна единица носител е Рената Десковска, во втората Петре Шилегов, во третата Марјанчо Николов, во четвртата Хари Локвенец, во петтата Васко Ковачевски и во шестата Стојко Пауновски.