Чеченскиот лидер отвори џамија во Израел

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров.

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров денеска отвори нова џамија во арапско село во Израел. Изградбата на џамијата во селото Абу Гош чинела 10 милиони долари, а џамијата ќе го носи името на таткот на Кадиров, Ахмет Кадиров. Иса Џабар, градоначалникот на селото рече дека Чеченија донирала 6 милиони долари за изградба на џамијата. Џамијата е со капацитет за 3000 верници и е една од најголемите џамии во Израел. Градоначалникот вели дека некои од селаните водат потекло од Чеченија и регионот на Кавказот. Абу Гош, се наоѓа западно од Ерусалим и одржува добри односи со своите еврејски соседи. Селото е популарна кулинарска дестинација за Израелците.