Запленетиот севернокорејски танкер пристигна во Триполи

Севернокорејскиот танкер што беше запленет од либиската милиција, а потоа преземен од американската морнарица, денеска пристигна во Триполи. Американските командоси го запленија танкерот „Утринска слава“ пред една недела во Кипар, неколку дена откако тој го напушти пристаништето „Ес Сидер “кое го држат либиските бунтовници. Танкерот треба да стигне до рафинеријата Завија за да го натовари со нафта. Властите во Триполи се обидуваат да стават крај на блокадата на пристаништата од страна на бунтовниците, што е еден од многуте предизвици со кои се соочува слабата централна власт. Со блокадата на пристаништата бунтовниците бараат автономија.