Претседателската кампања официјално стартува в понеделник

Жребување во Државната изборна комисија (ДИК) за редоследот на кандидатите на избирачкиот список.

Кампањата за претседателски избори стартува во понеделник, а со тоа и кандидатите започнуваат со митинзи. Актуелниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, кампањата за втор мандат ќе ја започне во Охрид,додека СДСМ ќе ја стартува кампањата со промоција на нивниот кандидат, Стево Пендаровски во Универзална сала.
Кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, кампањата ќе ја стартува од Лептокарија, во Општина Карпош. Во скопската општина Чаир и ДПА заедно со кандидатот Илјаз Халими ќе го стартува својот митинг.

Првиот круг на петтите претседателски избори ќе се одржи на 13 април, а вториот круг на 27 април.