Путин го потпиша договорот за Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша договорот со кој Крим станува дел на Руската Федерација. Претходно, двата дома на рускиот парламент, Советот на федерацијата и Думата, едногласно го усвоија договорот со што е завршено анектирањето на Крим. Пред денешното гласање шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека западните санкции против Русија биле неразумни и оти ќе создадат непотребни бариери.