Напад во Кабул, најмалку деветмина загинати

Најмалку девет цивили, меѓу кои четири жени и две деца, биле убиени во денешниот напад во луксузниот хотел Серена во Кабул, соопшти авганистанската полиција. Меѓу загинатите имало државјани на Канада, Нов Зеланд, Индија и Пакистан. Франс прес јави дека во нападот загинал и дописникот на оваа агенција Сардар Ахмад, неговата сопруга и две од неговите четири деца. Се прецизира дека четворица талибанци успеале да влезат во хотелот по што почнале да пукаат за време на вечерата во ресторанот. Талибанците веднаш биле убиени од обезбедувањето.