Хил: Македонија треба да биде прифатена како членка на НАТО

Кристофер Хил

„Треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот. Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како НАТО земја, треба и да биде прифатена како таква“. Ова го изјави Кристофер Хил, поранешен амбасадор во Македонија и заменик помошник државен секретар за источноазиски и пацифички прашања, во интервју за Гласот на Америка. Запрашан дали кризата со Крим ќе влијае на НАТО да забрза со процесот на проширување тој вели: „ Не се работи само за НАТО. Се работи за поширокиот однос што го имаме со овие земји“, вели Хил.