Човечкиот нос разликува билион различни мириси

Американските научници соопштија дека човечкиот нос може да разликува најмалку билион различни мириси. Истражувањето било спроведено со 26 волонтери на кои им биле дадени мешавини направени од 128 различни молекули на мириси. Научниците откриле дека иако способностите на волотерите многу се разликувале, тие можеле да ја забележат разликата меѓу мешавините. Кога научниците ги испитале сите можни комбинации на мириси што можеле да се откријат на ваков начин, испаднало дека бројот е најмалку еден билион. Анализата, според научниците, покажува дека човечката способност за разликување мириси е многу поголема од што се претпоставуваше.