ЕУ ќе потпише договор за асоцијација со Украина

Европската унија денеска во Брисел ќе потпише договор за асоцијација со Украина. Потпишувањето се одржува на вториот ден од состанокот на лидерите на ЕУ, што треба да го придвижи Киев поблиску до Унијата и покрај противењето на Русија. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо на првиот ден од самитот на ЕУ рече дека договорот ќе го запечати силното политичко партнерство меѓу Украина и Европската унија. Претходно лидерите на ЕУ се согласија да ги замрзнат имотот и да забранат патување за уште 12 Руси и Украинци поради анексијата на Русија врз Крим. Нивните имињата ќе бидат објавени денеска.