Авганистан-убиени цивили во напад врз хотел

Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека најмалку осум цивили биле убиени во синоќешниот нападот во луксузниот хотел Серена во Кабул. Меѓу загинатите се две деца и двајца странски државјани. Уште четири лица се повредени.
Претходно Авганистанската полиција соопшти дека безбедносни сили убиле четворица вооружени Талибанци кои го наредиле нападот врз хотелот. Меѓу повредините по инцидентот се двајца чувари и еден странски државјанин вработен во хотелот. Талибанците најавија дека ќе извршуваат напади насочени кон попречување на претседателските избори во Авганистан закажани з а 5 април