Нимиц закажа нова рунда преговори за името на 26-ти март

Медијаторот на ОН во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц свикал нова средба со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, за 26 март во Њујорк.
Во кусото соопштение на Обединетите нации се информира дека двете страни ја прифатиле поканата.
Според веќе воспоставениот модел на средби, амбасадорот Нимиц прво ќе има одвоени разговори, а потоа и заеднички состанок со претставниците на Македонија и на Грција. Последните вакви разговори се одржаа при крајот на октомври минатата година, по што амбасадорот Нимиц истакна дека меѓу двете страни се уште има големи разлики по ова прашање.