Продолжува штрајкот на државните службеници во Грција

Денеска продолжува 48 -часовниот штрајк на државните службеници во Грција против владините планови да скрати 11 илјади работни места во рамките на програмата за штедење договорена со меѓународните кредитори.
Во штрајкот, инициран од синдикатот на државните службеници, учествуваат вработените во даночните служби, во државните болници,а и вработените во средното образование со оглед на тоа што задутре истекува рокот кој Владата го постави за вклучување на наставниците во т.н. шема на мобилност со можност тие да бидат отпуштени.
Штрајкот е организиран еден ден откако Владата ја обезбеди следната транша од помошта од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд по седуммесечни преговори.