Нешнел Џеографик го означува Крим со сива боја

Нешнл Џеографик соопшти дека на нивните мапи, анектираниот Крим ќе биде обележен со сива боја и означен како “Регион со специјален статус”. Се појаснува дека тоа не значи признавање на легалноста на ново-настанатата ситуација. Претходно, некои американски медиуми јавија дека Нешнл Џеографик ќе го обележел Крим како дел од Русија откако ќе поминела ратификацијата во руската Дума.