Самит на ЕУ за можни санкции против Русија

Лидерите на Европската Унија денеска и утре во Брисел ќе одржат самит на кој треба да договорат осговор на руската анкесија на Крим. Се очекува да биде откажат самитот ЕУ – Русија, кој е предвиден за во јуни, како и проширување на списокот на личности кои се под санкции. Најавени се дискусии и за можни економски санкции како и ембарго за оружје. Сепак, дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел јавува дека веројатно Европската Унија ќе ги примени тие инструменти во случај на влошување на ситуацијата во Украина. Утре во Брисел ќе допатува украинскиот премиер Арсениј Јаценјук за да го потпише политичкиот дел од Спогодбата за асоцијација со ЕУ.