Осама не верувал дека американците ќе го убијат

Зетот на Осама Бин Ладен изјави дека лидерот на Ал Каеда бил организатор на терористичките напади врз САД на 11-ти септеври, 2001-ва година, а тоа и самиот го потврдил додека се криел во пештера во Авганистан. Сулејман Абу Гаит, кој е оженет со ќерката на Осама, Фатима, на сведочењето во Њујорк, на процесот против него за тероризам, изјави дека Осама прашувал како ќе одговорат САД на терористичкиот напад во кој загинаа околу 3 илјади луѓе. Осама Бин Ладен не верувал дека САД ќе трагаат по него додека не го најдат и оти ќе го соборат талибанскиот режим во Авганистан, изјави Абу Гаит.