18 загинати во напад врз полициска станица во Авганистан

Џалалабад, 20.03.2014

Во самоубиствен напад во источен Авганистан, загинале најмалку 18 лица, меѓу кои 10-мина полицајци, еден цивил и 7-мина напаѓачи. Цел на нападот била полициската станица во Џалалабад, при што биле ранети и 14 полицајци. Според локалната полиција, најнапред бомбаш самобиец активирал експлозив, потоа одекнале уште неколку експлозии, по што дошло до престрелка која траела 4 часа. Одговорноста за нападот ја превзедоа талибанците, кои настојуваат да ги попречат претседателските избори во Авганистан што ќе се одржат во наредниот месец.