Времето и денеска сончево

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево. Во претпладневните часови ќе дува умерен северен ветер, кој попладне постепено ќе стивнува.

Утринската температура се движи од еден до осум, а дневната ќе биде од 16 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

И во наредниот период ќе се задржи стабилно, суво и топло време.

УВ-индексот ќе изнесува 5.