Израелски војници убија палестинско момче кај Хеброн

Архива

Израелските војници застрелаа палестински тинејџер во близина на Хеброн. Според палестинците,15-годишниот Јусеф Сами Шавамрех бил убиен кога наводнувал растенија.

Израелската армија го оспорува таа верзија, велејќи Шамаврех и две други палестински момчиња ја вандализирале заштитна ограда кај Хеброн.
Портпаролката на израелската армија изјави дека израелските сили ги предупредиле палестинските момчиња да се повлечат и предупредувачки стрелале во воздух.

Портпаролката рече дека кога тие одби да се движат подалеку од оградата, израелските војници стрелале кон долните екстремитети. Израелските сили го однесле Шавамрех во болница, каде што починал од добиените рани.