Воената вежба на САД, Бугарија и Романија во Црно Море

Бугарија

Американскиот воен брод „Тракстон“ почна денеска еднодневна воена вежба во Црното Море, заедно со морнариците на Бугарија и Романија.

Војската на САД ги опиша овие маневри како „рутински“, со напомена дека тие се планирани пред да почне кризата во Украина.

Постојат многу причини за одржување на вежбите со сојузниците. Тоа ни овозможува да ги увериме своите сојузници од НАТО дека ги поддржуваме, изјави портпаролот на американскат морнарица во Европа Шон Еклунд.