Џо Бајден во посета на Балтикот

Американскиот потпретседател Џо Бајден се состанува со претседателите на Литванија и Латвија повторувајќи ја подршката до Балтичките држави во светлината на руската анексија на Крим.

Литванскиот претседател Далија Грибаускаите го нарече патувањето на Бајден "симболично".

Таа на Бајден му рекла дека акциите на Русија во Украина се вознемирувачки. Бајден ќе се сретне одвоено и со летонски претседател Андрис Бержинс а потоа тројцата ќе одржат заедничка средба.