Новинар на РСЕ киднапиран па избркан од Крим

Левко Стек

Дописникот на Радио Слободна Европа Левко Стек изјави дека бил киднапиран од непознати напаѓачи во Крим а подоцна и пуштен во поле.

Стек на Фејсбук напиша дека пристигнал на Крим во неделата, а во понеделникот бил извлечен од автобус во градот Бакшусараи, во централниот дел на Крим, од страна на група непознати луѓе кои му ставиле лисици на рацете и црна кеса на главата.

Тие го ставиле во автомобил и го оставиле во поле претходно предупредувајќи го да не доаѓа на Крим.