Крим - напад врз штабот на украинската морнарица

Севастопол - архива

Како што се јавува од Севастопол, про руски сили влегле во главниот штаб на украинската морнарица и на зградата го поставиле руското знаме.

Според руските новински агенции, неколку стотици про – руски демонстранти демонстрирале пред базата а потоа насилно влегле во зградата.
Тие барале од украинските војници да заминат.

Според Асошиетед прес, штабот на украинските сили бил нападнат од таканаречените „само одбранбени„ сили на Крим. Нема известувања за насилство.