Бајден во посета на Литванија по повод кризата во Украина

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден пристигна во Литванија каде што ја продолжува дводневна посета на регионот со цел да ги увери членките на НАТО дека ја имаат поддршката на Вашингтон околу кризата во Украина . Бајден треба да се сретне изутринава со литванскиот претседател Далија Грибаускаите и посебно со визитинг претседателот на Латвија, Андрис Берзинж. Тројцата лидери, исто така, ќе се состанат на заеднички ручек. Бајден дојде од Варшава, каде што, во вторникот, тој ја осуди Русија околу анексија на Крим како кршење на меѓународното право.