Пиштолот со кој е пукано во папата Јован Павле е пренесен во Полска

Авион на италијанската авиокомпанија Ал Италија слета во Краков пренесувајќи го пиштолот со кој е направен обид да се убие папата Јован Павле Втори на тринаесетти мај 1981 година на плоштадот Свети Петар во Рим. Полскиот свештеник, монсињор Дариус Рас кој управува со музејот на Јован Павле Втори во неговиот роден град Вадовице, го пренесе пиштолот од Рим во Полска поради изложбата организирана во чест на канонизацијата на Јован Павле на 27 април. Атентаторот Мехет Али Агџа пукаше со пиштол од типот „браунинг“ калибар девет милиметри погодувајќи го папата на плоштадот Свети Петар во Рим. Не се познати мотивите за атентатот.