Временска прогноза - сончево и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб ветер. Локално ќе има извесно зголемување на облачноста и опаѓање на температурата за еден до два степени. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температурата ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 24 степени.