Нарко босот Шариќ се предал безусловно

Дарко Шариќ, Белград 18.03.2014.

Во заедничка акција на полициите на Србија и на Црна Гора е уапсен , осомничен за еден од главните организатори на трговијата со дрога на Балканот. 43 годишниот Шариќ бил уапсен во Црна Гора и веднаш предаден на српските власти. Српскиот министер за правда Никола Сељаковиќ изјави дека Шариќ безусловно се предал. Неговото апсење пред една недела го најави лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ. Името на Шариќ стана познато во светот во 2009 година кога над 2 тона кокаин беа откриени на една јахта во близина на уругвајскиот главен град Монтевидео.