Во Бангкок укината вонредната состојба

Тајландската влада денеска соопшти дека ја укина вонредната состојба во главниот град Бангкок. Властите ја донесле оваа одлука поради тоа што во последниве денови се намалил интензитетот на антивладините демонстрации, но и поради тоа што таа ситуација му нанесува штета на туризмот. Вонредната состојба беше воведена на 22 јануари. Од пучот во 2006 година Тајланд се најде во циклус политички кризи.