Нови преговори со Иран

Преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и шесте светски сили продолжија денеска во Виена. Целта на средбата е да се постигне долгорочно решение за иранската нуклеарна криза и покрај новите тензии и обвинувањата од Техеран дека странски резузнавачки служби се обиделе да саботираат една од увезените пумпи за тешка вода за нуклеарниот реактор на незавршената централа во Арак.