Најмалку седум имигранти се удавиле во Егејско море

Најмалку седум илегални имигранти се удавиле откако потона чамец со кој патувале во источниот дел на Егејското Море. Грчкото министерство за трговска флота соопшти дека во близина на островот Лесбос биле спасени осум имигранти. По извршената потрага по останати преживеани се најдени телата на седум лица. Детали за инцидентот и идентитетот на загинатите засега не се познати. Грција е главна транзит зона за илегалните имигранти на пат кон Европската унија. Во јануари 12 имигранти се удавија по потонување на чамец во близина на грчкиот остров Фармакониси.