Приднестровие сака да стане дел од Русија

Непризнатата државичка Приднестовие сака, по Крим, да стане дел од Русија. Медиумите во Москва јавија дека раководството на Приднестровие веќе и упатило на руската Дума барање за да се обезбеди таквата можност. Приднестровие 50 години беше во составот на Молдавија, а по распадот на Советскиот сојуз таа област се отцепи. Со руска поддршка во 1992 година прогласи независност која не е призната од меѓународната заедница. На референдумот одржан во 2007 година, 97 насто од граѓаните се изјаснија за обединување со Русија.