Путин го одобри нацрт договорот за Крим како дел од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин, како што соопшти неговиот кабинет, го одобрил нацрт договорот со кој Крим може да стане дел од Русија. До ова дојде веднаш откако Путин и официјално го информирал парламентот за барањето на Крим да и се приклучи на Русија. Тоа е прв законски потег во согласност со рускиот устав во анексирањето на Крим од Украина. Путин вчера го призна Крим за независна држава, што е во спротивност со ставот на Западот дека Крим и натаму е дел од Украина. Рускиот претседател денеска ќе има обраќање на заедничка седница на двата дома на парламентот посветена на Крим.