Најмалку 15 загинати во бомбашки напад во Авганистан

Бомбаш самоубиец убил најмалку 15 луѓе во близина на еден пазар во Маимана, главен град на провинцијата Фариаб во северен Авганистан. Се прецизира дека сите жртви биле цивили. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.