Јапонија со санкции за Русија поради Украина

Украински војник во Крим

Јапонските власти соопштија дека ќе воведат санкции против Русија како одговор на интервенцијата на земјата во Украина. Според соопштението, владата ќе ги замрзне разговорите со Русија за укинување на визите, како и преговорите за инвестирање и сорабботката во вселенски и воени активности. Тие ја повикаа Русија да го почитува меѓународното право и интегритетот на Украина.