Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Нуклеарната постројка во Арак, Иран

Преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и шесте светски сили треба да продолжат денеска во Виена. Целта на средбата ќе биде да се постигне долгорочно решение за иранската нуклеарна криза и покрај новите тензии и обвинувањата од страна на земјата дека странските резузнавачки служби се обиделе да саботираат некоја од нивните нуклеарни постројки.